Велешки Црвен крст првата крводарителска акција, годинава, ја спроведе во Чашка – втората е традиционалната зимска во Велес
Објавено: 28 јануари, 2026, во 09:16 часот
Деветнаесет граѓани на населба Чашка даруваа крв и еден од нив за првпат со што стана дел од најхуманото семејство во Македонија.
„Ова е прва крводарителска акција во 2026 година. Бројката на дарители е за еден поголема во споредба со истата акција од минатата година,“ соопштија од Општинаската организација на Црвен крст во Велес.
Крводарителската акција ја организираа и спроведоа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, помогнати од ООУ „Тодор Јанев“ и Општина Чашка.
Велешки Црвен крст ја најави и втората која е Традиционална зимска крводарителска акција која ќе се одржи на 1-ви Февруари во просториите на Театар „Џинот“ во Велес.
Убавка Јаневска


