Циклони од Џенова: Првата половина од февруари 2026 многу влажна
Објавено: 4 февруари, 2026, во 08:55 часот
„Првата половина од февруари, во Македонија, ќе биде многу променлива и често врнежлива. Постојано ќе бидеме под влијание на циклонски активности (поле со нисок воздушен притисок) со центар над Џеновскиот залив. Во ваква ситуација ќе имаме често врнежливо време со повремено обилни и поројни врнежи од дожд проследени со ретки грмежи како и со повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
На планините пак над 1400/1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег.
Очекувам локално да наврне значително количество на дожд и тоа над 50/60 литри на метар квадратен. Токму поради ова овој месец повторно имаме опасност од ново излевање на реките и од нови поплавувања во Македонија.
Температурите пак во првата половина од февруари 2026 ќе бидат релативно високи и релативно над просекот што значи дека екстремни студови нема на повидок,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


