Студен воздух пристигнува кон Балканот од понеделник
Објавено: 5 февруари, 2026, во 08:23 часот
„Од понеделник, 9 февруари, започнува изразено заладување, при што студен бран од североисток ќе го зафати Балканот и Македонија. Ќе има осетен пад на температурите, а ќе дува и засилен северен/североисточен ветер, што дополнително ќе го засили чувството на студ.
Температурите наутро ќе се спуштаат значително, а можно е и појава на снег на планините додека локално и во дел од пониските места (ќе се следи).
Заладувањето ќе се чувствува најмногу во втората половина од неделата, а состојбата ќе се ажурира со нови информации.
Скопје: Со заладувањето од понеделник (9.02) се очекува пад на температурите и засилен северен ветер. Локално се можни и слаби врнежи, а ќе се следи и можноста за краткотрајно провејување на снег.
Во изминатата ноќ врнежи од дожд со променлив интензитет имавме насекаде во Македонија и тоа поради влијанието на циклонот кој е со центар над Џенова. На планините над 1400/1500 метри надморска височина врнеше снег а повремено дуваше и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Ова утро сеуште има локални врнежи во Македонија.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 7 часот утрово наврна во Гевгелија и тоа 19 литри на метар квадратен дожд.

На табелата можете да го видите наврнатото количество на воден талог во изминатите 24 часа до 7 часот утрово по градови и места во Македонија, висината на снежната покривка и минималните температури измерени ова утро до 7 часот и тоа на мерните станици на УХМР,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.
Дума.мк

