Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Објавено: 6 февруари, 2026, во 12:43 часот

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека од денеска, 6 февруари, започна со исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2026 година.

„Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките,“ соопшти министерството.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.