Маж од Извор заработи кривична за давање лажен исказ

Објавено: 9 февруари, 2026, во 11:53 часот

Сектор за внатрешни работи Велес  до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против М.М.(48) од село Извор, Општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“, казниво по член 367 од Кривичниот законик.

-Имено, тој на 10.11.2025, п година, пополнил и потпишал писмена изјава дека ја изгубил возачката дозвола и поднел барање за издавање на дупликат возачка дозвола. По извршени проверки, констатирано е дека М.М. возачката дозвола која ја пријавил за изгубена, ја приложил во Германија, со цел да изврши замена за германска возачка дозвола, соопшти портпаролката Ана Милевска Георгиева.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.