Велешките пожарникари – спасители со нови униформи за гаснење шумски пожари,ветени им биле и урбани униформи

Објавено: 9 февруари, 2026, во 16:20 часот

Советот изгласа во декембри, минатата година, да се издвојат финансиски средства од буџетот и Општина Велес купи 35 комплета цивилни униформи, пара чизми за шумски пожари и заштитни шлемови за шумски пожари.

-Тоа значи дека комплетно ги опремени сите 30 пожарникари спасители на ТППЕ Велес со опрема за гаснење на пожари. ТППЕ Велес сега има и пет комплетни опреми како резервни. Точната сума на финансиски средства за овие јавни набавки треба да се провери во општината. Тоа што јас сум информиран а се однесува на доопремување е дека во делот на гаснењето на шумски пожари треба да бидеме опремени и со дувалки додека за интервенции во населени места се урбаните униформи, пена за гаснење на пожар на возила и уште неколку други репроматеријали што ни се особено значајни во работата, рече Димче Јовановски командир на ТППЕ Велес.

Веста за предавањето на новата опрема на пожарникарите спасители на својот фејзбук профил, попладнево, ја објави градоначалникот Марко Колев и во статусот додаде:

„Почитувани пожарникари, ви благодариме за вашата пожртвуваност тогаш кога е најпотребно. Останете доследни, хумани и посветени!“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.