Искроени крошните на дрворедите јасен на централната улица во Велес
Објавено: 14 февруари, 2026, во 11:12 часот
За да се постигне контролирање раснење на крошните, искроени се дрворедите со јасен, на улица „8 Септември“. Вработените на Јавно комунално претпријатие „Дервен“ го спроведоа кроењето за четири дена. Започнаа во понеделникот,10 февруари и завршија во четвртокот на 13-ти . Од голема помош беше соработката со велешката полиција од чија навремена интервенција за отстранување на паркираните возила до тротоарите и под дрвјата зависеше работата на работниците во „Паркови и зеленило“ рече раководителката дипл. хортикултурен инжинер Татјана Петровска.

–Станува збор за редовна операција која што се изведува секои четири години на урбани дрвја во централното градско подрачје коишто се наоѓаат пред стамбени згради и до тротоарини. Наша задача е да го контролираме разгранувањето на крошните поради обезбедување на природна светлина во домовите на граѓаните кои живеат во тие колективни стамбени објекти како и да спречиме евентуално кршење и паѓање на гранките врз автомобилите паркирани на улицата, додаде Петровска.

Според планот за работа на овој сектор на „Дервен“ искастрени се крошните на дрворедите од градска Пошта до Градски саат, од двете страни, и можно е годинава да подлегнат на иста операција уште дрворедите на улица „Алексо Демниевски Бауман“.
Убавка Јаневска


