Полицијата санкционирала по еден возач од Демир Капија и Неготино, со изречени забрани за управување на возила

Објавено: 16 февруари, 2026, во 11:29 часот

Певиот возач, П.П.(31) од село Корешница, општина Демир Капија, ноќва, во 02:25 часот, бил лишен од слобода на автопатот Неготино-Демир Капија, кај наплатна станица Демир Капија од страна на полициски службеници на Одделение на внатрешни работи Неготино,

„При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „ауди“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од П.П., при што било констатирано дека возилото го управувал со изречена забрана за управување на возило од Б категорија и под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2.39 промили алкохол во крвта. По насока на јавен обвинител, П.П. бил задржан во полициска станица, а возилото било привремено одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

Вториот возач, Д.К.(23) од Неготино бил фатен вчера напладне, во 12:30 часот, од страна , на полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино во сообраќајна контрола на регионален пат Неготино-Лакавица, кај село Пепелиште, неготинско,

„Сопрено било патничко возило „форд“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.К., при што било констатирано дека возилото го управувал со изречена забрана за управување на моторно возило од Б категорија. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додава Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.