Новопримените офицери на служба во Армијата положија свечена заклетва во „Криволак“

Објавено: 16 февруари, 2026, во 15:38 часот

Шеснаесетте армиски офицери заклетвата ја дадоа во Полигонот „Криволак“ во Пепелште. Со давање на свечената заклетва, офицерите на служба го започнуваат военото образование на Воената академија.  Тие ќе продолжат да ја градат својата кариера во единиците на Армијата.

На свеченоста присуствуваа деканот на Воената академија – полковник Ненад Таневски, заменик-командантот на Командата за обука и доктрини полковник Дарко Стојкоски, претставници од Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје, команданти од единици на Армијата и командантот на Центарот за обука на питомци и офицери полковник Иван Сарафимов.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.