Промовиран Прирачник „Ориентација во природа“ од м-р Ангелче Гушев

Објавено: 26 февруари, 2026, во 10:27 часот

Ориентацијата во природа е примарна извидничка дејност и дисциплина на извидништвото кое на територијата на велешката и соседните општини го практикува и реализира ИО „Димитар Влахов“ во своето 75 годишно постоење. Оваа извидничка дисциплина е само една по која што се препознати дома и во странство велешките извидници и чии квалитети по едукациите и подготвеност особено се истакнува на голем број одредски натпревари какви што се РИОН, ДИОН, РАПИ. Тоа беше главен предизвик за авторот на прирачникот м-р Ангелче Гушев за којшто рецензентот Бојан Миклош рече:

„Ние извидниците често сакаме да кажеме дека извидничкото движење е училиште за животни вештини, затоа што навистина тоа сме го почувствувале. Неформалното образование кое го стекнуваме под плаштот на извидничкиот метод, научените лекции од извидничките средби и стекнатите социјални, морлани и други животни вештини, ги прават извидниците доблесни личности кои во иднина ќе го претставуваат темелот на општеството во кое живеат. Убавината на извидништвото е токму во нефомралноста, што обезбедува работите да бидат правени од чиста кауза, љубов и идеја за и кон извидништвото. Така, извидниците научиле дека иницијативноста е одлика која треба да го краси секој извидник и доблесен граѓанин.“

Миклош додаде дека способноста да се забележи тоа што недостига, да се задвижи позитивна промена и да се најде начин да се надмине забележаниот недостаток подвиг е што овозможува  да се уживаат бенефити од личната иницијативност, како исклучителна важна способност и карактеристика за извидникот.

„Пишувањето на прирачникот „Ориентација во природа“ од страна на Ангелче , е одличен пример за иницијативноста за која зборуваме. Впрочем, тој уште во воведните страници го нагласува историскиот предизвик со недостигот на соодветна литература, кој довел овие вештини постепено да исчезнуваат од извидничката пракса. Овој мотив, како и фактот што авторот избрал да ги кондензира стручните и искуствените сознанија од областа на традиционалната ориентацијта и топографијата, претставува особено значаен концепт, особено, во време кога животните вештини поврзани со преживувањето отапуваат или паѓаат во сенка од дигитализацијата и технолошките напредоци. Овој прирачник овозможува враќање кон основите и потсетување на основните вештини за ориентација во природа и работа со карта и на карта, нешто што имаме тенденција да го забораваме или по линија на помал отпор да рационализираме дека не е повеќе важно“.

Овој прирачник обезбедува суштина, основа, траење, влијание и безвременост, додаде Миклош.

„Прирачникот како основа, е исклучително корисен за извидници кои имаат малку или воопшто немаат предзнаења во тематиката, за да започнат да се обучуваат во оритенација и топографија. Структурата на прирачникот е јасна, содржината систематска, а објаснувањата го застапуваат принципот на систематичност и постапност. Ова го прави прирачникот одлично средство за обука на нови генерации извидници, но, и за доусовршување на искусни членови на извидничките  одреди. Ориентација во природа е повеќе од прирачник — тоа е мост меѓу генерациите, меѓу традицијата и современоста, меѓу искуството и наследството, меѓу човекот и природата. Со тоа, заслужува место во секоја извидничка библиотека и во секој извиднички ранец.“

Според авторот м-р Ангелче Гушев потребно е да се посвети повеќе време и простор на Ориентацијата во природа како основна извидничка дисциплина, а овој прирачник е добро четиво кое ке ја осовремени оваа суштествена област.

На промоцијата на прирачникот беше претставен и ликот и делото на основачот на светкиот скаутизам Лордот Роберт Баден Пауел. За животното дело на Баден Пауел присутните ги запозна началникот на одред Иван Гушев кој воедно додели и Благодарница на извиднички одред “Димитар Влахов” за успешна соработка, поддршка и помош во развојот и унапредувањето на одредот и тоа на следните институции и поединци.

Промоцијата беше една од трите главни активности со кои Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес го прослави Светскиот ден на извидниците  – 22 февруари.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.