Бутиците „Голден Гарден“ продолжуваат да испишуваат успешна модна приказна, по Велес отворен бутик во Скопје (видео и фото)

Објавено: 9 март, 2026, во 12:47 часот

Бутиците „Голден Гарден“ од Велес, ги пренесуваат модните вибрации и во македонската метропола, со нов модерен и уникатен бутик лоциран во населбата Аеродром, веднаш после кулите Џевахир.

-По 15 години упорност,истрајност, квалитетна услуга и прифатливи цени, во бутиците Голден Гарден за мажи и Голден Гарден  за жени, кои се наоѓаат во центарот на Велес , се одлучивме за нов голем чекор и решивме да отвориме нов бутик во Скопје,а со тоа да ги прошириме и границите на нашиот фамилијарен бизнис кои со години успешно го менаџираме, изјави управителката Сузана Донева.

Донева издвои дека ова е нова страница во професионалниот живот која штотуку започнаа да ја пишуваат преку уникатна и квалитетна машка и женска гардероба, во кежуал, слим и класична варијанта.

-Нашите костими, сакоа, фустани и останатата гардероба, специјално и само за нашите потреби ја осмислуваме, дизајнираме и изработуваме во фабрики во Истанбул ,кој работат само за извоз и за европскиот пазар. Наша желба и секако задача пред се ни е да го задржиме квалитетот и врвната услугата,но и да дадеме сопствен белег и да внесеме  нови и уникатни модни вибрации по кои и сме веќе препознатливи. Вратите за секого се ширум отворени и искрено се надеваме дека секој ќе си го најде своето омилено парче на облека, без разлика дали станува збор за секојневна, работна или ултра модерна гардероба, рече Донева.

Свеченото отварање на бутикот, според фотографиите, изгледа гламурозно и со пријатна атмосвера којашто присутните долго ќе ја паметат. Меѓу поканетите гости  беа Ирена Спировска, пејачката Мијата,познатиот фотограф Владо Горгиев,телевизискиот новинар Александар Видиновски покрај бизнисмени, доктори директори ,режисери и голем број на уметници.

Забавата беше препуштена на дуото Ике Де Кока.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.