Големо поскапување на горивата од полноќ
Објавено: 9 март, 2026, во 14:32 часот
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во земјава се зголемуваат во просек за 14,27 проценти. Новите цени ќе стапат во сила од 10 март во 00:01 часот.
Најголемо зголемување има кај дизел горивото, чија цена се зголемува за 14,50 денари по литар.
Според одлуката на РКЕ, новите највисоки малопродажни цени ќе изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95: 79,50 ден/л (+5 денари)
- ЕУРОСУПЕР БС-98: 81,50 ден/л (+5 денари)
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 85,50 ден/л (+14,50 денари)
- Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 82,50 ден/л (+12,50 денари)
- Мазут М-1 НС: 42,586 ден/кг (+7,044 денари)
Од РКЕ објаснуваат дека зголемувањето е резултат на растот на цените на нафтените деривати на светските пазари, каде дизелот поскапел за над 36 проценти, а бензините за околу 13 проценти, како и поради повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
Дума.мк

