Ладен бран и враќање на зимата на Балканот од и по 17-ти март?!

Објавено: 13 март, 2026, во 09:09 часот

„Според последното ажурирање на прогностичките материјали можам да изјавам пред јавноста дека од и по 17-ти март  на повидок е спуштање на ладен бран од север кон Балканот и секако кон Македонија. Во ваква ситуација можно е враќање на зимските температури и на снегот особено на планинските и повисоките места, но можна е  и појавата на утрински мразеви.

Барем одсега гледано појава на снег од и по 17-ти март 2026 можно е да има  и на места со помала надморска височина, односно на места со надморска височина под 1000 метри.

Состојбата постојано ја следам околу ова можно сценарио, многу повеќе и појасни детали околу ова следуваат во следните мои метео објави,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.