Измамен велешанец на интернет за скоро 1150 евра
Објавено: 25 март, 2026, во 14:06 часот
Педесет и девет годишниот велешанец вчера пријавил во Сектор за внатрешни работи Велес дека во месец февруари преку интернет апликација стапил во контакт со женско лице, кое му се претставило како брокер на берза за крипто валути. Жената го довела во заблуда дека ќе инвестира во негово име, a тој во шест наврати извршил уплата на 71. 507 денари.
Од полицијата соопштија дека преземаат мерки за расчистување на настанот.
Убавка Јаневска



