Уште денеска пролетни температури, од утре голема температурна разлика и дожд

Објавено: 26 март, 2026, во 08:08 часот

Во следните неколку дена не очекува изразена временска промена, со премин на топлото пролетно време и значително заладување, врнежи и нестабилна атмосфера.

Од петок следува нагла промена:
Ќе има зголемување на облачноста, врнежи од дожд и пад на температурите на околу 10–12°C. Времето ќе биде нестабилно, со можни повремени поинтензивни врнежи.

Во текот на викендот времето ќе остане променливо и посвежо. Во сабота – променлива облачност со услови за повремен дожд. Во недела – поизразени врнежи, облачно и релативно студено време.

Во останатиот дел од државата:
Слична временска состојба ќе има и во другите региони – прво топло време, а потоа нагло заладување со дожд. Во повисоките места ќе биде уште посвежо, со засилен ветер и поинтензивни врнежи.

Карактеристично за овој период ќе биде големата температурна разлика – од скоро 20°C во четврток до околу 10°C веќе во петок.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.