Велешанец насила влегол во туѓ дом, си земал телевизор и си заминал
Објавено: 28 март, 2026, во 12:33 часот
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 15:00 часот го лишиле од слобода Б.З.(30) од Велес поради сомнение дека со употреба на сила влегол во домот на Р.Т.(55) од Велес и одземал телевизор.
Во полицискиот билтен се додава:
„Одземеното било пронајдено кај Б.З. и било вратено на сопственикот. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти полицијата.
Убавка Јаневска




