Ладно утро со минусни температури и мраз, денот ќе биде потопол од вчерашниот
Објавено: 23 април, 2026, во 08:00 часот
„Утрово во Македонија е ладно, со ниски температури на воздухот, особено на повисоките населени места и на планините како и во скијачките центри каде се спушти под нулата со што во ваква ситуација очекувам појава на утрински мразеви. Исто така утрово облачноста се намали и врнежите насекаде престанаа.
Минималните температури кои се спуштија во интервалот од -3 до 8 степени а во Скопје и околината до околу 6 степени. Да напоменам дека на планините со поголема надморска височина и во скијачките центри температурите се спуштија и под -5 степени.

Денеска ќе дува повремено засилен ветер од северен правец на повеќето места во Македонија.
Денот ќе биде потопол од вчерашниот, со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени а во Скопје и околината до максимални 17 степени,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.

Дума.мк



