Претстои период на директно преминување од зима во лето, со 30°C
Објавено: 4 мај, 2026, во 08:54 часот
„По невообичаено ладниот бран кој директно од Арктикот се спушти на Балканот и во Македонија на 1 и за 2 Мај донесе минусни температури, снег, појава на утрински мразеви кои предизвикаа огромни штети со измрзнување на овошките, во текот на новата седмица која што ни претстои ни доаѓа нагло и големо затоплување на времето со продор на значително потопла воздушна маса од југ.
Особено од вторник, 5 мај па во деновите потоа температурите во Македонија речиси насекаде ќе се искачуваат и ќе надминуваат 20 степени а во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија ќе надминуваат 25 степени. За време на следниот викенд на 9 и 10 Мај, во Македонија очекувам температурите да бидат летни и да се искачат до 30 степени.
Значително ќе пораснат и минималните утрински температури.Нема да има повеќе појава на утрински мразеви, слана што значи дека и во утринските часови ќе ни биде значително потопло.
Да напоменам дека поради наглото и големо затоплување на времето,од зимски на летни температури на воздухот, ова особено негативно ќе се одрази врз метеопатите кои што поради наглите и високи температурни разлики кај нив можно е предизвикување на поголеми здравствени проблеми,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Дума.мк


