Ветер со брзина од 70 км/час – денес и утре, претпладне стабилно време а попладне можен локален дожд и грмотевици

Објавено: 11 мај, 2026, во 08:47 часот

„Денeска понеделник, 11 мај и утре, вторник 12 мај, ни носат засилен до повремено силен ветер од западен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час. Инаку токму ова е резултат поради циклонската активност која ќе биде со центар над Џенова и истата покрај силниот ветер нема да ни донесе целосно стабилна атмосфера во Македонија.

По стабилното претпладне со повеќе сончеви периоди, во попладневните часови локално ќе се развиваат конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и силен западен ветер. Особено, утре, вторник, локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со електрични празнења  и со услови за појава на град.

Да напоменам дека поради силното југозападно и западно воздушно струење денеска и утре, од Сахара кон територијата на Македонија, повторно ќе се врши поголем транспорт на прашина  и на песок со што атмосферата повторно ќе  ни биде заматена  и нечиста. Дождот ќе биде нечист и помешан со сахарската прашина  и со песок. Времето исто така овие два дена ќе биде многу мачно и спарно а температурите кои ги очекувам ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.

Инаку температурите овие два дена ќе бидат во поголем пораст и насекаде ќе надминуваат 20 степени додека на повеќето места тие ќе надминат и 25 степени. Во Повардарието и во југоисточните предели температурата ќе се искачи до околу 30 степени. Во Скопје  и околината исто така температурата во овие два дена ќе се искачи близу 30 степени,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.