Недела на матурски вечери во Велес – уште една генерација средношколци одбележува полнолетството, еве кога? (видео)

Објавено: 12 мај, 2026, во 13:23 часот

Годинава, ССОУ„Димитрија Чуповски“ ја отвора „Неделата на матурски вечери“ во Велес. Учениците од завршните класови на ова средно стручно училиште, вечерва, вторник, 12 мај, го слават полнолетството.

Утре вечер, среда, 13 мај, ќе го слават моментот на влегување во светот на возрасните средношколците – матуранти на ОСУ „Јовче Тесличков“ додека во четврток вечер, 14 мај ќе се одржат матурските вечери на учениците од завршните класови на СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ и на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“.

Возрасните велешани, затоа што ја изживеале, ја знаат возбудата која што тлее во девојчињата и момчињата кои годинава се матуранти. Матурската е вечер која се памети цел живот.

Нека биде весела и радосна на сите Вас и нека ви донесе среќа во вашите понатамошни совладувања на знаења, во изборот и продолжувањето на образованието или пак во личната професионална реализација.

Бидете здрави и живи, подготвени да го зграпчите секој предизвик и да совладате секаква препрека! Препознавајте ги вистинските вредности и квалитети – бидете човечни, достоинствени, хумани, храбри – смејте се и не дозволувајте солза, бес или завист да ве надвладеат во ниту еден момент! Живејте ја својата младост и радувајте му се на животот како да сте штотуку родени деца!

Такви деца кои ќе пораснат во образовани, одговорни, одлучни и храбри граѓани му требаат на вашиот роден град – на Велес. Тој ќе ве чека. Честитки за сите Вас!“

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.