(Обновено) Велешките пожарникари спасители изгасија запален автобус близу патарина Отовица

Објавено: 17 мај, 2026, во 12:46 часот

Дојавата за запалениот автобус кој сообраќал по автопатот Велес – Скопје во Територијална Против Пожарна Единица Велес, вчера попладне, била примена во 16:20 часот.  Четворица велешки пожарникари спасители со едно против пожарно возило веднаш излегле и се упатиле кон лоцираното место, после наплатна станица Отовица.

По пристигнување на лице место пожарот бил затекнат во развиена фаза. Следела брза интервенција со којашто огинот бил ставен под контрола и потоа пожарот бил целосно изгаснат. Во интервенцијата немало повредени ниту пожарникари ниту патници.

Според Сектор за внатрешни работи Велес (СВР) се запалил автобус „темса“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.П.(59) од Прилеп. Сите патници навремено го напуштиле автобусот и со друго возило биле пренесени во Скопје

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.