Понеделник неработен ден, за граѓаните нов продолжен викенд – уште два празнични мајски денови

Објавено: 21 мај, 2026, во 13:09 часот
Фото: Црква Св. Кирил и Методиј – Велес

На 24 мај се одбележува Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, кој годинава се паѓа во недела. Согласно Законот за празници и програмата за неработни денови, понеделник, 25 мај, ќе биде неработен ден за сите граѓани во Република Македонија. Тоа значи дека граѓаните се пред нов продолжен викенд.

Во месец мај, исто така, неработни денови се среда, 27 мај  кога припадниците од муслиманска вероисповед го одбележуваат Курбан Бајрам додека во петок, 29 мај нема да работат православните верници по повод верскиот празник Духовден.

Дума.мк

Фото: Ване Михајловски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.