Тешко повредениот возач на мотоциклот, во вчерашната сообраќајка, во „Речани“, итно префрлен на скопски „КАРИЛ“ (Обновено)

Објавено: 25 мај, 2026, во 14:51 часот

Возачот на мотоциклот „бмв“, Т.К (35) од Велес, се здобил со тешки телесни повреди  во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случи во населба Речани, на вклучувањето на регионален пат  кон езеро Младост и кон Велес. Од Општа болница Велес соопштија дека по укажана лекарска помош, направени снимања и  прегледи велешанецот Т.К веднаш бил транспортиран, како итен случај на скопски „КАРИЛ“.

-Пациентот е примен во Општа болница Велес во тешка здравствена состојба. Дежурните специјалисти хирурзи, на Хирушко одделение, му укажале здравствена помош. Потоа пациентот е сниман и направени се итни лабораториски испитувања но поради резултати од рентген снимања и констатирани сериозни повреди поточно скршеници на лица, на ребра, на пршлени , на бутна коска веднаш е транспортиран во Ургентен центар Скопје поточно „КАРИЛ“, соопшти портпаролката д-р Ана Марија Џунџева.

Таа додаде дека кај другите двајца пациенти, кои биле во патничкото возило марка „цитроен“, возачот, сопатничката и малолетникот биле направени испитувања и констатирани лесни телесни повреди па по добиената здравствена помош биле пуштени на домашно лекување.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.