Циклон од северозапад во четврток ни носи невреме
Објавено: 1 јуни, 2026, во 08:32 часот
„Под влијание на циклонска активност, од северозапад преку Алпскиот регион, ќе ја зафати Македонија во четврток, 4 јуни, и ќе услови да имаме променливо облачно, нестабилно време и на повеќе места со пороен дожд, грмежи како и засилен ветер. Локално, атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
И во Скопје и околината во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
Температурите на воздухот ќе опаднат и ќе имаме посвежо време со максимални дневни кои ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени, додека во Скопје и околината максималната дневна температура ќе се искачи до околу 24 степени.
Да напоменам дека во првите денови од овој месец во Алпскиот регион поради присуство на ладен воздух од север и од северозапад повремено ќе има обилни врнежи од снег. Таму ќе владее вистинска снежна идила,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Дума.мк


