Без акции и настани за одбележување на Светскиот ден на животната средина во Велес

Објавено: 5 јуни, 2026, во 11:52 часот

Светот го одбележува а кај нас, последниве години мине незабележано, денот на животната средина на коj ако се навратиме само деценија наназад ќе се присетиме на дискусии и настани за подигање на свеста за заштитата на природата како и одговорноста што сите ние ја имаме во напатениот Велес од загадување со тешки метали. Воглавно лидери за организирање и спроведување на активностите беа граѓанските здруженија.

Овој ден е воспоставен од страна на United Nations во 1972 година, за време на Конференцијата за човековата средина во Стокхолм, а официјално започнал да се одбележува во 1973 година. Неговата основна цел е да ги поттикне државите, институциите, организациите и граѓаните да преземаат конкретни активности за заштита на животната средина.

Секоја година Светскиот ден на животната средина има различна тема, од загадување на воздухот, пластичен отпад и климатски промени, до обновување на екосистемите, зачувување на биодиверзитетот и одржливо користење на природните ресурси.

Заштитата на животната средина не започнува само со големи политики, туку и со мали секојдневни одлуки: намалување на отпадот, селектирање и рециклирање, штедење вода и електрична енергија, користење помалку пластика и поголема грижа за јавните зелени површини.

Светскиот ден на животната средина е потсетник дека природата не е неисцрпен ресурс. Таа е заеднички дом што бара грижа, одговорност и свест, не само еден ден во годината, туку секој ден.

Д.И

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.