Во Велес со околните општини веднаш можат да се вработат 65 лица за понудена минимална плата

Објавено: 9 јуни, 2026, во 11:11 часот

Економисти, машински инженери, доктори по општа медицина, шивачи и готвачи – ова се само дел од профилите кои што во моментов ги бараат велешките компании преку огласите објавени во Агенцијата за вработување. Според јавно достапните податоци на веб-страницата на Агенцијата (https://av.gov.mk) во Велес, во моментот отворени се работни места за вкупно 65 лица од општината и од соседните.  

За најголемиот дел од позициите, меѓу кои и инжинери и лекар, понудената плата е на ниво на законски утврдениот минимален износ, додека меѓу подобро платените работни места се издвојува огласот на велешкиот Театар, за позицијата Советник за материјално-финансиско работење, за која е предвидена месечна плата од над 50 илјади денари.

Во евиденцијата на Агенцијата за вработување во Велес  во моментов се регистрирани 2.901 невработени лица. Токму од оваа група граѓани се очекува да бидат пополнети дел од слободните работни места за кои велешките компании објавиле огласи за вработување преку државната агенција.

На ниво на држава, во моментов, има отворени вкупно 8.766 работни места. Занимање со најголем број на слободни места е Хигиеничар на станбен и деловен простор а најмалку се бара Градежен инжинер.

Дијана Иванова

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.