Летен концерт на музичко студио „Super Stars“ во Амфитеатар на Младински парк Велес
Објавено: 10 јуни, 2026, во 12:22 часот
Настанот ќе биде вистинска прослава на детскиот талент, музиката и уметноста. На концертот ќе настапат најмлади балерини на возраст од 3 до 10 години, со кореографии коишто ќе внесат радост, енергија и сценска магија. Покрај нив, ќе настапат и учениците од класата по солопеење, претставувајќи се со внимателно подготвен репертоар составен од македонски народни песни и популарни поп-композиции како и со цел да создадат прекрасен спој на традицијата и современиот музички израз.
-Публиката ќе има можност да ужива во богата музичко-сценска програма исполнета со емоции, креативност и љубов кон музиката, подготвена од нашите ученици и нивните ментори. Би ни претставувало особена чест доколку нашите сограѓани дојдат и уживаат во извонредно убава музичка, летна вечер, рече оперската певица Вероника Караколева.
Летниот концерт на музичко студио „Super Star“ ќе се одржи во недела,на 14 јуни, со почеток во 18:00 часот во Амфитеатарот во Младински парк – Велес. Стефани Манева


