Наум Пановски за романот„Коста Солев Смртопис“ е добитник на „Рациново признание“ за 2026 година
Објавено: 10 јуни, 2026, во 13:11 часот
Годинешен лауреат на 63 Рацинови средби е писателот Наум Пановски за романот „Коста Солев Смртопис“. Во силна конкуренција поточно пристигнати 25 романи на македонски автори за оваа наградавака одлучи жири комисијата во состав проф. д-р Елизабета Шелева, проф. д-р Лорета Георгиевска Јаковлева и проф. д-р Марија Ѓорѓиева Димова.
Романот на Пановски е роман со став, идеја и повик за национално себе-преиспитување. Дело со сериозно егзистенцијално и историско алиби зад себе, кое побудува интерес и внимание веќе со самиот интригантен наслов што експлицитно укажува на ликот, делото и трагичната смрт на Коста Солев, основоположникот на македонската современа книжевност.
„Коста Солев Смртопис“ се заснова на проверени факти и посветена истражувачка работа и во него за прв пат е достојно расветлен уделот што во животот на Коста Солев го одиграле две образовани млади жени: Невенка Вуиќ и Малина Поп Иванова, а со коишто тој ги споделувал и ги градел своите прогресивни идеи, поглед на светот, замислата и борбата за класна правда во општеството.
Пораката на Пановски, напишана во романот, гласи „сите носиме одговорност за неговата трагична смрт и затоа вината за неа останува колективна“.
Наградата „Рациново признание“ на Пановски ќе му биде врачена на свеченото отворање на 63-тото издание на Меѓународните Рацинови средби, во понеделник, 15 јуни со почеток во 20:00 часот во Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.
Стефани Манева
Програма на 63 Рацинови средби






