Светиниколските пожарникари добија дрон – вредна донација од сограѓани исселени во Германија
Објавено: 10 јуни, 2026, во 15:55 часот
Дронот од марка „ DJI Mavic Air 2“ на Територијалната против пожарна единица (ТППЕ) Свети Николе им го подарија Драган и Марија Ѓошевски, кои што живеат и работат во градот Франкфурт во Германија.
-Оваа донација претставува значајна поддршка за нашата работа, бидејќи дронот ќе ни овозможи подобра контрола, побрзо детектирање и поефикасна координација при интервенции на пожари на отворен простор,“ соопштија од ТППЕ Свети Николе.
Оттаму додадоа дека од денеска се до крајот на летото, во соработка со ОВР Свети Николе, секојдневно ќе вршат засилени контроли со дронот и со теренски возила на целата територија на општините Свети Николе и Лозово, се со цел навремено откривање и спречување на предизвикување пожари на отворен простор.

Светиниколските пожарникари апелираат до граѓаните строго да ги почитуваат законските прописи и да не превземаат активности кои можат да предизвикаат пожар.
-Сите лица кои ќе бидат затекнати при палење на трева, стрништа, отпад или друга несовесна постапка која може да предизвика пожар, ќе бидат превземени соодветни законски мерки, и ќе следуваат големи парични или затворски казни.
Дијана Иванова

