Проекција на ТВ серијата „Црвениот поет“ во Јуроп Хаус Велес

Објавено: 11 јуни, 2026, во 10:30 часот

Велешани во рамки на одбележувањето на 63. Рацинови средби имаат можност да ја проследат телевизиската серија со наслов „Црвениот поет“ .

Станува збор за проект – телевизиската серија „„Црвениот поет“ која говори за животот и делото на Коста Солев Рацин, великанот на поезијата од  дваесетиот век, најреволуционерниот патриот и најромантичниот уметник што се родил во Македонија која што во два дена ќе биде прикажана во Јуроп Хаус во Велес.

Телевизиската серија, чиј режисер е Никола Поповски, има 10 епизоди коишто ќе бидат прикажувани на 12 и 13 јуни (петок и сабота), со почеток во 21:00 часот, во Јуроп Хаус Велес. Во двете вечери ќе се прикажат по пет епизоди од серијата за Рацин.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.