Пет екипи и четворица поединци од Велес учесници на финалето на „Плазма Спортските младински игри“- има победници од Лозово и Свети Николе

Објавено: 11 јуни, 2026, во 12:01 часот

Пет велешки училишни екипи и еден натпреварувач во индивидуален спорт од регионалните натпревари обезбедија директен пласман во големото финале или на државниот натпревар на „Плазма Спортските младински игри“.

Регионалниот натпревар се одржа во Велес и токму на него одбојкарките на Виола Волеј го освоија првото место, најуспешни во одбојката на песок беа велешките екипи КИМ-2 и КИМ-Видра во конкуренција на момчиња и девојчиња а во ракомет момчиња екипата на КИМ шампиони како и прва во играта „Народна“ е екипата Зајчиња. Во поединечните спортски дисциплини Стефан Тодоровски беше најуспешен во дисциплината пинг-понг и тенисерката Марија Прпева која го освои првото место.

Од зонскиот директен пласман на државниот обезбедија во трката на 60 метри атлетичарите Ѓорѓи Ѓоргиевски и Дамјан Петрушевски во конкуренција на момчиња.

Од регионалниот пласман на државниот натпревар обезбедија и фудбалерките на истоимената екипа од Лозово, додека во шаховската конкуренција за генерацијата 2011 најдобра беше Илијана Велева од Свети Николе. Директен пласман од зонскиот натпревар обезбеди и атлетичарката Ена Радев во трката на 60 метри, девојчиња.

Најуспешните екипи и поединци на државниот натпревар ќе се натпреваруваат  на меѓународната завршница во Сплит, Хрватска, градот во кој пред 30 години се одиграле првите  Спортските младински игри.

На оваа најголема аматерска спортска манифестација за деца и млади во Европа учествуваат натпреварувачи од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.

Дијана Иванова

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.