Мајка пријавила син за закани, страв, штети во домот во Велес и за не почитување на судска забрана
Објавено: 12 јуни, 2026, во 13:41 часот
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес вчера попладне го лишиле од слобода Б.С од Велес по пријава на неговата 48 годишна мајка за закани, оштетување на дел од инвентар во семејниот дом и за предизвикување на страв кај родителите и кај другите членови на семејството. Б.С не ја почитувал ниту судската забрана која што му била изречена за комуникација и приближување до семејниот дом.
„На 11.06.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Б.С.(28) од Велес. Според пријавеното од неговата 48-годишна мајка, тој дошол во домот, се заканувал, оштетил дел од инвентарот и предизвикал страв и кај другите членови од фамилијата и на тој начин дека не го почитувал решението од Основен суд Велес за забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство, забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин директно или индиректно комуницира со неговите родители, забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до живеалиштето. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од СВР Велес.
Дијана Иванова


