Прво авионско третирање против комарци во Велес
Објавено: 12 јуни, 2026, во 14:53 часот
Општина Велес ги известува граѓаните дека првото авионско третирање против комарци ќе го изврши во понеделник, 15 јуни, годинава, во раните утрински часови.
Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег.
И годинава ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
Општина Велес ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Доколку временските услови не дозволат од општината додаваат дека реализацијата на авионско прскање ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.
Дума.мк


