Пожар опожарол овоштарник и сандаци со пчели во Караслари, го предизвикал жител на селото кој што работел на нива

Објавено: 14 јуни, 2026, во 12:44 часот

Пожарот се појавил, вчера доцна попладне, откако А.С го предизвикал кога искрите од циркуларот, со кој што работел на нивата, зафатиле соседен овоштарник и сандаци со пчели во соседната нива. Пожарот го изгаснале пожарникари – спасители на Територијална против пожарна единица Велес. А.С бил повикан на службен разговор во Полициска станица Велес а увидна екипа на Сектор за внатрешни работи Велес (СВР) направила увид. Повредени нема и се утврдува предизвиканата штета.

„На 13.06.2026 година, во 18:00 часот, во СВР Велес, полициски службеници извршиле службен разговор со А.С.(37) од село Долно Караслари, велешко, затоа што на неговата нива во атар на село Караслари, каде работел со циркулар, предизвикал искрење, по што настанал пожар, кој опожарил овоштарник и сандаци со пчели, сопственост на В.С.(45) од Велес. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа од Територијална противпожарна единица Велес. Извршен бил увид од  увидна екипа од СВР Велес. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против А.С. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.