Мултимедијална изложба „Оган“ на Бојана Артиновска во кавадаречки Дом за култура
Објавено: 18 јуни, 2026, во 10:29 часот
„Оган“ за мене не е само тема туку и состојба низ која поминувам. Тој е повик кон будење, кон соочување со сопствената сила, но и со сопствените стравови. Тоа е патување од надворешното кон внатрешното, од видливото кон она што се чувствува, од формата кон суштината. Овој циклус се создаваше речиси две години и беше длабоко личен процес, исполнет со прашања, отпор, прифаќање и трансформација,“ вели авторката Артиновска за изложбата.
Свеченото отворање на мултимедијалната изложба „Оган“е закажано за вечерва, четврток, 18 јуни, со почеток во 20:30 часот во Галерија на Дом за култура „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци.
Дијана Иванова


