Возач од Велес сторил сообраќаен прекршок, бегал и откако втор пат бил запрен завршил во полициска станица

Објавено: 23 јуни, 2026, во 13:17 часот

Сообраќајниот прекршок Т.Р (38) од Велес го сторил вчера ноќ на улица „Благој Ѓорев“. Откако го сопреле полициските службеници тој нагазил на гаста и со возилото „рено“ избегал. Но набрзо бил по втор пат сопрен и тогаш покажал агресивно и омаловажувачко однесување кон полициските службеници  

„На 23.06.2026 во 02:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле Т.Р.(38) од Велес. При сообраќајна контрола на улица „Благој Ѓорев“ во Велес било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Р. и по констатиран прекршок тој го стартувал возилото и со голема брзина го напуштил местото. Набргу, тој е сопрен, при што почнал агресивно да се однесува и да ги омаловажува полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По преземени мерки било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,39 промили алкохол во крвта. Т.Р. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.