Со две трки во Велес стартува Државниот ендуро шампионат

Објавено: 26 јуни, 2026, во 12:05 часот

Љубителите на мотоспортот викендов ќе го насочат вниманието кон Велес, каде на 27 и 28 јуни ќе се одржат првите две трки од Државниот ендуро шампионат на Македонија. Натпреварите ќе се возат на ендуро полигонот „MX Track Motoveles“, кој традиционално е домаќин на ова значајно спортско случување.

Организацијата е доверена на мотоклубот „Мото Велес“, во соработка со Мотоциклистичката федерација на Македонија и Општина Велес. Со овогодинешното издание, Велес по 16-ти пат ќе биде домаќин на државниот шампионат, потврдувајќи го својот статус како една од најважните дестинации за ендуро спортот во земјата.

На стартот се очекува учество на возачи од повеќе македонски мотоклубови, кои ќе се натпреваруваат во категориите Е1, Е2, Е3 и Е-јуниор.

Организаторите најавуваат возбудлива програма во текот на двата натпреварувачки дена, исполнета со динамични возења, неизвесни пресметки и атрактивни настапи. Публиката ќе има можност одблизу да ги следи најдобрите македонски ендуро возачи во борбата за првите бодови од новата шампионатска сезона.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.