Второ авионско третирање против комарци во Општина Велес

Објавено: 7 јули, 2026, во 09:02 часот
Фото: Архива на Дума.мк

Второто авионско третирање против комарци, Општина Велес, ќе го изврши во петок, на 10 јули, во раните утрински часови.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

„Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина,“ соопштија од општината.

Оттаму ги известуваат пчеларите за навремено преземање на потребните мерки за заштита на пчелите.

Во соопштението за јавност општината напоменува дека доколку временските услови не дозволат извршување на авионско прскање, во петок, на 10 јули, тогаш истото ќе се изврши првиот нареден ден.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.