Доизградбите на цевководот за дотур на вода во езеро „Младост“ и на велешката катната гаража приоритети на Влада, констатира премиерот Мицкоски во Велес (видео)

Објавено: 20 јули, 2026, во 13:14 часот

Со Ребалансот на државниот Буџет, ќе се обезбедат потребните финансиски средства за доизградба на 6,5 километри долгиот цевковод од хидромелиоративниот систем на ЈП „Лисиче“ за да се обезбеди неопходниот дотур на свежа вода во велешко езеро „Младост“. Премиерот Христијан Мицкоски, при денешната посета на Велес, најади дека летово ќе се интензивира реализацијата на долгоочекуваниот проект за подземна катна гаража во центарот на Велес, заедно со уредувањето на новиот градски плоштад.

Премиерот ја пофали работата на градоначалникот Марко Колев, на членовите на Советот на Општина Велес и упати благодарност до администрацијата, пратениците од Велес и членовите на Владата кои, како што рече, работат посветено на обезбедување повеќе проекти за Велес. Исто така, Мицкоски, упати благодарност и на велешани за трпението ри реализацијата на инфраструктурните зафати, како што нагласи, поради тоа што станувало збор за проекти чија реализација било потребно време за да се обезбедат видливи резултати.

Посетата на Велес на Премиерот придружуван од потпретседателот на Влада и Министер за транспорт, Александар Николовски и домаќинот, Градоначалникот Марко Колев започна на улица „11 Октомври“ која во моментов се гради. Поточно нејзиниот дел којшто поминува пред Градски пазар во Нова Населба а завршува кај спој со улица „Раштански пат“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.