Синдикална кошница во јули чини 68 498 денари
Објавено: 20 јули, 2026, во 16:26 часот
Синдикалната кошница за месец јули изнесува 68 498 денари пресмета Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ). Споредбено со минатиот месец, синдикалната кошница е намалена за 156 денари. Според пресметките најголем дел од семејниот буџет се трошат за храна и пијалаци, односно се плаќа 25 012 денари.
Потоа следат трошоците за образование, облека и обувки, како и за станарина, вода, електрична енергија и греење-ставка која изнесува 6 379 денари. За четиричлено семејство без трошок за кирија потребни се 68 498 денари.
Структура на новата СМК за месец јули 2026
месечно по домаќинство структура по проценти
храна и пијалоци 25 012 36,5
облека и обувки 6 511 9,5
станарина, вода, ел.енергија,греење 6 379 9,3
лична хигиена и одржување на хигиена во домот 2 667 3,9
здравје 1 196 1,7
транспорт 5 041 7,4
комуникации 3 677 5,4
рекреација и култура 5 592 8,2
образование 7 192 10,5
ресторани и хотели 4 131 6,0
останати стоки и услуги 1 100 1,6
ВКУПНО 68 498 100,0
Дума.мк
