Петрушева Савова до Колев: Кога ќе завршат предизборните ветувања и лаги за изградбата на нов Башиноселски мост од кои ние и граѓаните не гледаме ништо? (видео)

Објавено: 23 јули, 2026, во 15:15 часот

Со ова упатено прашање до градоначалникот Марко Колев завршува видео материјалот, испратен до медиумите, во кој што членот на Совет на Општина Велес од советничката група на СДСМ – Мирјана Петрушева Савова, јавно му се обраќа на актуелниот прв Велешанец. Советничката прво им се обраќа на граѓаните велејќи дека „со ваква локална власт не треба да се грижите кога ќе дојде невреме во градот за паднатите дрвја на мостот во Башино Село туку слободно можете да го користите новиот мост кој што го имаме како хартија и како ветување од актуелниот Градоначалник веќе втор пат или во втора, негова, Предизборна програма.“

Петрушева Савова кажува и покажува како сега се поминува по постоечкиот мост кај Башино Село којшто беше реконструиран а на неговиот тротоар од северната страна има дупка од пропадната бетонска плоча притоа посочувајќи ја минатогодишната завршена реконструкција на столбовите и неговото свечено предавање од страна на владините и други функционери на ВМРО ДПМНЕ.

На што сe се темели нејзиното прашање до градоначалникот на Општина Велес погледнете во видеото:

Советничката Мирјана Савова Петрушева и СДСМ очекуваат одговор од градоначалникот Колев кога конкретно ќе започне изградбата на новиот мост на река Вардар кај Башино Село.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.