Велешани, попладнево, во Ликовен салон за „Органодарителство во Македонија“ ќе можат да се едуцираат и да дискутираат со врвни македонски лекари
Објавено: 24 јули, 2026, во 12:50 часот
Јавната панел дискусија е дел од Караван кој има за цел да ги едуцира граѓаните во Македонија за потребата од органодарителство особено во услови кога Листите на пациенти на кои им се потребни човечки органи во државата се долги а потреба да се спасат животи имаат 30 граѓани кои чекаат срце дарители и со вештачко од нив во моментов живеат 15 граѓани. За подарен бубрег чекаат 200 пациенти, за црн дроб 15 пациенти додека најголем е бројот на пациенти чии животи зависат од донори на бели дробови. Додека оперативните зафати за првите три органи, поточно трансплатациите од донори ги изведуваат врвни македонски лекари, за последната – за бели дробови, по донирањето, пациентите кои чекаат мора да обезбедат оперативен зафат во здравствена институција во странство.
На темата органодарителство или охрабрување на граѓаните да станат донори на органи доцна попладнево во Ликовен салон во Велес ќе говорат врвни лекари, трансплантациски експерти, координатори за трансплантација, пациенти на кои им е извршена трансплантација, пациенти кои чекаат на листите, донори и претставници од верските заедници,
Како панелисти во јавната панел дискусија се: Проф. д-р Билјана Кузмановска – анестезиолог и национален координатор за трансплантација, Проф. д-р Светозар Антовиќ – Декан на Медицински факултет – Скопје, Д-р Александра Гавриловска Брзанов – научен соработник, анестезиолог, заменик-координатор за трансплантација, Проф. д-р Соња Бојаџиева – Клиника за гастроентерохепатологија во Скопје, Проф. д-р Мирко Спироски – имунолог на Медицински факултет Скопје при УКИМ, Научна фондација „Спироски“ – Скопје, Проф д-р Сашко Јовев специјалист, кардиохирург на Државна Кардиохирургија – Скопје , Асс. Д-р Александар Колев -специјалист по кардиохирургија на Државна Кардиохирургија – Скопје, Д-р Елена Цуракова Ристовска, научен соработник од Клиника за гастроентерохепатологија – Скопје, Асс. Д-р Ана Челикиќ, кардиолог на НЦ за кардиологија и кардиоваскуларна хирургија – Скопје, Д-р Лилија Чолакова Дервишова – Претседател на здружение на приватни лекари во РМ, Проф. д-р Александар Петличковски – Институт за имунологија и хумана генетика, Скопје.

Освен македонските лекари на панел дискусијата пријавени како учесници се и Отец Драги Гаштарски – претставник на МПЦ, Нејаз Мурати – муфтија на Муфтиството во Велес и претставник од ИВЗ, Милка Петровски – правник од Велес, Софија Симонова – мајка на 24 годишен пациент со вештачко срце кој чека на Националнта листа за трансплантација, Ице Гиовски – донор на дел од црн дроб и Панде Пасарикоски – примател на срце од починат донор.
Јавна панел дискусија во Велес е осма на Караванот кој што ги посетува градовите во Македонија и е организиран од семејства на пациентите кои чекаат на органи од донори. Почетокот е закажан за 18:00 часот во Ликовен салон Велес.
Убавка Јаневска


