Трето авионско третирање против комарци во Велес, го опфаќа и езеро „Младост“
Објавено: 7 август, 2026, во 10:57 часот
Општина Велес ќе го реализира третото авионско третирање против комарци во понеделник, 10 август, во раните утрински часови.
Границата, на третирањето е: Езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од село Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и село Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
Општината ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Од општината додаваат дека доколку временските услови не дозволат извршување на авионско прскање, истото ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.
Убавка Јаневска


