Зелени кровови и во Велес – предност, атракција или потреба?

Објавено: 25 август, 2026, во 14:16 часот
Фото: Зелен кров во Белград – на „Лепа и паметна“

„Зелени кровови – предност, атракција или потреба?“  е прашање со кое сè почесто се соочуваат инвеститорите, особено кога станува збор за нови градби.

За фелата, зелените кровови се повеќе од атрактивно архитектонско решение. Кај новите градби, полесно се планираат но со соодветна проценка на конструкцијата и правилно планирање, кровните површини  и на постоечките згради можат да станат заеднички зелен простор, вели м-р  инженер архитект Кристијан Арсовски.

-Можеме да изработиме проекти и за реконструкции кои што ќе бидат примери за зелена кровна трансформација а и да создадеме нова зелена кровна површина. Крововите можат да станат зелени урбани простори  со добар систем на одржување, вегетација како и за задржување на дождовната вода и на намалување на топлината со креирање на места за таква намена. Скопје веќе има реализирани примери а сега имаме можност за креирање на такви простори во Велес со создавање на добар систем на изведба на градба.

Зелените кровови се добра практика во многу градови во европските земји. Особено се актуелни таму каде што бетонот и висококатниците се издигнаа на површини на кои во градските јадра порано имаше куќи. Со климатските промени, кои како резултат на човечката негрижа за природата ни носат зголемување на температурата на воздухот за 1 до 1,5 степени наместо половина степен, можат да придонесат за ублажување на оваа појава. Исто така, експертите констатираат дека зеленилото на крововите на зградите и на терасите е добар прочистувач на воздухот од издувни гасови на автомобили и загадување со добро познатите ПМ 5 и ПМ 10 честички.

Ќе се претвори ли оваа зелена иницијатива во дела зависи единствено од граѓаните. Секако и од велешани кои живеат со пеколни температури во лето и загаден воздух во зима. На градот му недостасува зеленило на околните ридови како Гроот, Вршник и Свети Илија со што температурата на воздухот во летните месеци би се намалила помеѓу 2 и 3 степени. Тоа значи дека секако би била пониска од официјалните 40 – 41 степени ова лето под сенка или до 45 степени на сонце кои што велешани ги мерат деновиве.

Дијана Иванова  

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.