Ученици на ООУ „Васил Главинов“ истражуваа родова еднаквост преку математика

Објавено: 29 октомври, 2026, во 08:27 часот

Како активност на Еразмус + проект во велешкото општинско основно училиште „Васил Главинов“ како домаќин заедно со учениците од партнер училишта од Полска, Шпанија и Турција одржаа работилница со тема „Математика и родова еднаквост низ призма на бројките“.

Работилницата беше посветена на истражување на родовата еднаквост преку математички податоци, проценти, статистики и нумерички споредби.

На работилницата, учесниците разгледуваа како бројките можат да помогнат во согледување на разлики во можности и учеството на жените и мажите во различни области од животот, како што се образование, вработување, спорт и јавни функции.

„Преку математички задачи и споредби, учениците беа поттикнати да анализираат податоци, да препознаваат можни нееднаквости и да го разберат значењето на еднаквите можности. Работилницата покажа дека математиката може успешно да се поврзе со реални општествени прашања и да придонесе за развивање критичко размислување, математичка и статистичка писменост и свест за родовата еднаквост,“ соопштија од велешкото училиште.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.