Променливо облачно со сончеви периоди, дожд се очекува попладне и вечера

Објавено: 9 ноември, 2026, во 08:01 часот

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Температурите ќе се движат од минус 3 до 14 степени.

Во Скопје се времето исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.