По дожд во утринските часови ќе следи разведрување и топол ден

Објавено: 20 ноември, 2026, во 08:29 часот

Врнежи од дожд се очекуваат на почетокот додека во текот на денот времето ќе се разведри. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој во западните делови ќе достигнува брзина над 80 километри на час.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 14 Целзиусовите степени, а дневните ќе достигнат од 11 до 22 степена.

Во Скопје утрово ќе има услови за дожд, а потоа времето ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

За време на викендот и на почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Од понеделник до средината на работната седмица, под влијание на студен воздушен бран, температурите ќе бидат во опаѓање, а на некои места се очекува да се спуштат и под нулата.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.