Тешка кражба во Кавадарци!
Објавено: 21 април, 2014, во 09:23 часот
Евра, денари и златен накит во саботата вечерта се украдени од домот на кавадарчанец. Направена е вкупна штета во износ од 150 илјади денари, потврдија од полицијата.
Арамијата влегол во домот во саботата вечерта кога сите православни христијани се подготвуваа за велигденските празници и одеа на црква.
„Направена е вкупа штета од 150 илјади денари. Набргу по пријавената кражба полицијата лиши од слобода едно лице од Кавадарци. Кај него полицијата пронајде 1000 евра и 9000 денари“ рече портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска и нагласи дека полицијата работи на расчистување на оваа кражба по што ќе биде поднесена и соодветна пријава против крадецот./А.Д




