Вкусна чорба од јагнешко месо

Објавено: 19 април, 2014, во 08:52 часот

За оваа чорба, која традиционално ја подготвуваме за Велигден потребни Ви се следниве производи:

750 гр  јагнешко месо

половина јагнешка глава

една главица кромид

зеленчук за чорба – морков, компир, магдонос

две лажици брашно

масло за јадење

сол, бибер

една жолчка од јајце

една шолја кисело млеко

три лажици киселина

еден филџан ориз

Главата и месото исечете ги на парчиња, измијте ги, оставете ги во сад и залејте ги со околу два литра студена вода. Кога ќе зовријат, ставете, по вкус, зеленчук, магдонос, кромид и неколку крупни зрна црн бибер. Чорбата воопшто не смее да врие силно. Откако ќе поврие околу два часа, во помал сад ставете 2-3 лажици масло. Кога ќе се загрее, ставете две лажици брашно, пропржете го да добие жолта боја. Запржена, чорбата треба да поврие половина час на тивок огин.

Пред да се претури чорбата во садот во кој ќе се служи, мора да се процеди, а потоа и да се зачини. Во посебен сад изматете ја жолчката, додајте една чаша кисело млеко добро изматете ги и, мешајќи постојано, истурајте ја смесата во врелата чорба.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.