Велигденски Милиброд

Објавено: 19 април, 2014, во 08:26 часот

Потребни состојки: 250 гр шекер, 150 гр суво грозје, 2 пакетчиња ванила, 1 портокал, 250 мл зејтин, 250 мл млеко, 4 јајца, 2 коцки квасец и 1,2 кг брашно.

Се замесува тесто од брашното, зејтинот, јајцата, стасаниот квасец со млекото, шеќерот, изрендана кора од портокалот и ванилите. Тестото се остава да стаса, а потоа се размесува.

Додека стасува тестото сувото грозје се попарува со вриена вода, се цеди и се става во сокот од портокал.

Стасано тестото се дели на 4 топки, а секоја од нив на три. Од трите топки се прават тенки јажиња, се става по средината суво грозје и се плетат плетенки.

Се оставаат да стасаат и се премачкуваат со изматено јајце со 1лажичка шеќер во прав. Се оставаат да стасаат и се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути и на 160 уште 20 минути.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.